Мицкоски: Македонија ја покажува својата лојалност, но не секогаш го добива очекуваното

Тој во обраќањето се осврна и на трагедијата во Кочани и на солодарноста и помошта која ја покажаа многу држави која на земјата и нејзините граѓани им беше најтешко

-

Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации денеска се одржува во Собранието на Република Северна Македонија. На отворањето на средбата премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија во многу наврати ја докажала својата солидарност со останатите држави во светот и во својот трнлив пат до целта направила многу отстапки кои наидоа на дебата кај граѓаните. Сепак, посочи Мицкоски, земјата истраја и ја покажав својата лојалност кон вредностите кон кои и понатаму верува.

„Од друга страна не секогаш го добиваме она што го очекуваме, и таквата лојалност спрема нашите заложби се исполнувала. Мислам дека е важно да се знае ова, ниту пак треба да се скрие ова горко чувство кај секој еден Македонец, каде и да се наоѓа во светот. Пријатели си помагаат, но и пријатели искрено си ги кажуваат своите чувства и забелешки. Сметам дека треба да се размисли и за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел“, рече Мицкоски.

Тој во обраќањето се осврна и на трагедијата во Кочани и на солодарноста и помошта која ја покажаа многу држави која на земјата и нејзините граѓани им беше најтешко.

„Оваа несреќа не само што ни покажа колку е кревок животот, туку и ја истакна важноста на солидарноста и меѓусебната поддршка. Во тие тешки моменти, сведочевме на вистинска солидарност од нашите сојузници и партнери. Девет европски држави понудија помош на нашата земја веднаш по трагедијата во Кочани. Европската унија, пак, преку механизмот за цивилна заштита, координираше медицински евакуации на повредените до специјализираните болници во регионот.

Оваа трагедија ни покажа дека солидарноста не е само збор, туку дело што ги поврзува народите. Таа е темелот на нашата Алијанса-принцип што не води во заедничките напори за зачувување на мирот и безбедноста“, рече Мицкоски.

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...