Мицкоски до новинар: Ќе ве повикаат органите ако не кажете кои маркети ги зголемуваат маржите

Иако новинарот одговори дека по прес-конференцијата ќе каже за кои маркети има сознанија дека преку „специјални договори“ ги качуваат маржите до 40 или 45 отсто, премиерот возврати дека ќе го повикаат органите па пред нив ќе каже

-

Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција на новинарско прашање што ќе преземе државата против трговците кои наводно преку „специјални договори“ ги зголемуваат трговските маржи на производите за 40 до 45 отсто, инсистираше новинарот да открие за кои трговци станува збор. Мицкоски потенцираше дека ако новинарот што го постави прашањето не ги каже трговците за кои има сознанија, тоа значи дека прикрива кривично дело и дека ќе го повикаат органите кои се задолжени за тоа, па пред нив ќе каже.

Целиот разговор меѓу премиерот Мицкоски и новинарот се одвиваше вака:

Новинар: На социјалните мрежи веќе има повици за бојкот на маркетите во петок, каков е вашиот личен став по ова прашање со оглед на тоа што вие премиере имавте поприлично остри изјави кон маркетите кога почна да се имплементира т.н. новогодишна кошница. Дали можеби ќе ги поддржите граѓаните?

Мицкоски: Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат.

Новинар: Да се надоврзам на ова прашање, веќе има поплаки од дел од производителите дека се уценувани од големите ланци на маркети, конкретно знам за два маркети кои што се обидуваат да го изиграат Законот за нефер трговски практики кој што стапи во сила од овој месец. Им се даваат договори со 10 отсто маржа меѓутоа потоа им се нудат специјални договори, дел се и усни каде што маржата се зголемува и до 40-45 отсто. Дали имате вакви информации и што ќе преземете како држава?

Мицкоски: После оваа содржина на прашањето постојат две дилеми, првата дилема е апсолутно тоа ако се случува е кривично дело. И второ, ве молам кажете ги кои се тие двајца за кои што имате информации, како се викаат, кои се тие?

Новинар: Јавно?

Мицкоски: Тогаш сокривате кривично дело, ако не ги кажете.

Новинар: Ќе ви ги кажам кога ќе заврши прес-конференцијата.

Мицкоски: Не, ќе ги кажете пред органите кои што се задолжени за тоа. Јас мислев јавноста да знае кои се. Еве јавноста сакав да знае бидејќи ги споменавте, но ќе ве повикаат органите и пред нив ќе ги кажете.

Новинар: Ги кажав.

Мицкоски: Не ве слушнав простете.

Новинар: Тинекс и Веро.

Мицкоски: Тинекс и Веро. Во ред, еве јас од овој момент кога ќе ја напуштам оваа прес-конференција ќе се обратам до соодветните институции веднаш да преземат мерки.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...