Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не знае дали е точна информацијата дека Македонија не е меѓу балканските држави Црна Гора и Албанија, кои заедно со Украина и Молдавија ќе добијат патоказ за пристапување кон ЕУ. Тој рече дека веста не е официјална, туку објавена од медиуми, и нагласи дека според него е нелогична бидејќи земјата добива високи оценки за реформите.
„Таа информација ја објави медиум, не знам дали е точна, а ако е точна треба да се праша ЕУ зошто е тоа така. Имајќи во предвид дека ние испорачавме најголем дел од реформите што се дел од Реформската агенда и Планот за раст веќе во два извештајни периоди, и ако пристапувањето во ЕУ е процес во кој се оценува врз основа на заслуги, за мене ова е нелогично. Затоа треба да видиме дали е така или не е. Моите информации велат дека не е така“, рече Мицкоски.
Во петок, во земјава ќе допатува претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на средби со македонските власти. Мицкоски денеска најави дека ќе се разговара и за актуелната состојба околу проширувањето на ЕУ и предизвиците што следат, како и за актуелните политички состојби во регионот и во Европа, како што се изборите во Германија и во Франција во кои се очекува да победат екстремистички политички партии, референдумот во Исланд и војните во Украина и Иран, за кои се уште нема договор за завршување.
Тема на разговор, според Мицкоски, ќе биде и процесот на проширување и преговорите со Бугарија.
