Мицкоски: Ѝ честитав на Шеќеринска за изборот за заменик-генерален секретар на НАТО

Да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест, кажа Мицкоски

-

Ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека вчера разговарал телефонски со Шекеринска, разговарале и дека немал дилема дека треба заедно да соработуваат и треба да направат сè што е во нивна моќ да помогнат на македонската Армија, а со тоа да помогнат и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани.

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во...