fbpx

МФ: „Стандард енд Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг на земјава ББ – со стабилен изглед

-

Кредитната агенција „Стандард енд Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ – со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Агенцијата посочува на одреден пораст на економијата, се вели во соопштението.

„Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од ковид-кризата се од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите за состојбите и јасен показател за нивната доверба во политиките кои се водат во земјава.

Од кредитната агенција посочуваат дека по остриот пад во второто тримесечје од 2020 година, економијата до крајот на минатата постепено заздравуваше. Нотираат дека индустриското производство во декември минатата година оствари позитивен резултат за првпат од почетокот на кризата во февруари 2020 година.

Во 2021 година како двигатели на растот ги наведуваат опоравувањето на извозната активност, јавната потрошувачка и приватната потрошувачка, а нивните очекувања се дека годинава растот ќе изнесува 3,6 отсто. „S&P“ посочува дека Република Северна Македонија е интегрирана во глобалните синџири на добавување, особено во автомобилската индустрија. Опоравувањето на автомобилската индустрија, како и на економиите на нашите најголеми трговски партнери како Германија, ќе придонесат за опоравувањето и на нашата економија“, посочува Министерството за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...