fbpx

МФ ги повикува општините да аплицираат за средства за капитални проекти

-

Министерството за финансии денеска објави јавен повик до општините за да аплицираат за средствата од вториот проект за подобрување на општински услуги (МСИП2). Средствата кои се во износ од 25 милиони евра, се обезбедени преку Светска банка и се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење.

Условите под кои општините ќе можат да аплицираат за средства од проектот се со рок на отплата до 13 години со вклучен грејс-период до три години и каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Македонија кон Светска банка.

Средствата од проектот ќе се алоцираат по принцип „прва пријавена – прва услужена општина“, врз основа на одобрена техничка документација во согласност со критериумите од проектот.

Краен рок за доставување на апликациите од општините е два месеци од денот на објавување на повикот, односно најдоцна до 7  ноември 2016 година.

Во рамки на средствата што ги има одобрено Светска банка за проектот МСИП2, освен за заеми за капитални проекти, предвидени се и средства за грантови за општините за инвестирање во подобрување на инфраструктурата во посиромашните и маргинализирани делови во нивна надлежност, како и средства за техничка поддршка на општините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...