Метеорскиот дожд „Персеиди“ виден од Стоби (Фотогалерија)

Метеорскиот дожд „Персеиди“ фотографиран во врвот на активноста, ноќга меѓу 11 и 12 август 2021 во Стоби. Фото: Мета

Античкиот локалитет Стоби е секако едно од најдобрите места во земјава да се фотографира метеорскиот дожд „Персеиди“. Фоторепортерот на „Мета“ се обиде да го долови чувството да се гледа овој астрономски феномен од местото каде пред повеќе од милениум и половина активно се живеело.

Метеорскиот дожд „Персеиди“ врвот на активноста го доживеа изминатата ноќ, меѓу 11 и 12 август, а, инаку, тој може да се набљудува уште од 14 јули па сè до 24 август.