„Метаморфозис“ организира „Разговори за приватност“ в понеделник од 15 часот во Јавна соба

Фото: Glenn Carstens Peters, Unsplash

Фондација Метаморфозис ги поканува новинарите, претставниците на граѓанските организации и институциите, како и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе на темата „Медиумската слобода и заштитата на личните податоци“ на петтиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 21 март, понеделник, во Јавна соба, со почеток во 15 часот.  Локацијата можете да ја видите на овој линк.

Гостин-говорник на оваа средба ќе биде Емилија Гиноска, помлад соработник за советување и односи со јавност во Агенцијата за заштита на лични податоци.

Учесниците на средбата ќе имаат можност да дискутираат околу начинот на кој медиумите треба да балансираат помеѓу слободата на изразување и информирање и заштитата на личните податоци, како и околу исклучоците во однос на обработката на личните податоци извршена за новинарски цели.

Агендата за настанот можете да ја најдете во прилог на оваа порака, а вашето учество можете да го пријавите со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

Дополнително, во тек е истражување околу потребите и навиките при користење Интернет и познавање на правата на приватност. Прашалникот е анонимен и ќе биде отворен до крајот на оваа недела, а до него може да пристапите преку овој линк: линк до прашалник.

Пополнување нема да одземе повеќе од 5-10 минути.