„Метаморфозис“: На апликацијата „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност

-

На мобилната апликација „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои Управата за јавни приходи ги презема за безбедност и заштита на личните податоци на граѓаните кои се обработуваат со користењето на апликацијата, велат од фондацијата „Метаморфозис“, која го анализираше аспектот на информираност на граѓаните за обработката на личните податоци со користењето на мобилната апликација „МојДДВ“.

Мобилната апликација „МојДДВ“ е достапна на Google Play Store и App Store, а пред самата инсталација граѓаните можат да се информираат за техничките спецификации, начинот на скенирање на сметките и за одговорите на често поставуваните прашања.

Согласно Генералната регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation – GDPR), контролорот Управа за јавни приходи треба да преземе соодветни мерки за да обезбеди во концизна, транспарентна и лесно достапна форма информација до граѓаните за тоа:

– Кои се целите и законската основа за обработката на личните податоци и дали во иднина податоците може да бидат обработувани за други цели освен за користење на мобилната апликација „МојДДВ“;
– Дали личните податоци ќе бидат откриени на други корисници надвор од Управата за јавни приходи;
– Кои се роковите на чување на податоците од страна на Управата за јавни приходи;
– Како граѓаните може да го остварат своето право на исправка и бришење на личните податоци кои ги дале за целите на користење на мобилната апликација „МојДДВ“.

„Дополнителна забуна за граѓаните кои сакаат да се информираат за своето право на приватност е и претставувањето на Полисата за користење на ujp.gov.mk од 2017 година како документ кој ја регулира заштитата на личните податоци на корисниците на „МојДДВ“. Оваа Полиса не може да биде третирана како политика за приватност за корисниците на мобилната апликација „МојДДВ“ бидејќи целта заради која се обработуваат податоците при користењето на апликацијата, обемот на податоци кои се обработуваат не соодветствуваат со целите и обемот на податоци за користењето на ujp.gov.mk. „Метаморфозис“ препорачува креирање на посебни политики за приватност за секоја одделна апликација преку која граѓаните за да остварат некое свое право, откриваат лични податоци“, велат од Фондацијата „Метаморфозис“.

Инаку, Фондацијата „Метаморфозис“ преку програмата „Човекови права на интернет“ се фокусира на заштитата на приватноста преку зајакнување на капацитетите и знаењата на граѓаните и институциите за дигитално општество. „Метаморфозис“ промовира пристап за сите преку иновативна употреба и ширење на знаењата и етичка употреба на новите технологии.

 

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...