Поранешниот репрезентативец на Македонија, голманот Петар Мисовски, потпиша договор со РК Металург до крајот на годината со можност за продложување и во наредниот период. Мисовски третпат во својата кариера ќе го носи дресот на клубот.
– Задоволен сум што и третпат ќе го носам дресот на Металург и што можам да му помогнам на клубот со кој ме поврзуваат само добри спомени. Се надевам дека наредната недела ќе истрчаме во Шпанија со најдобриот можен состав и дека ќе имаме успешен настап – рече Мисовски по потпишувањето на договорот.
Популарно
Металург најде нов голман, Мисовски повторно во клубот
-
