fbpx

„Мета“ со мигрантите во Гевгелија: Литар вода евро, килограм банани – четири!

-

На железничката станица во Гевгелија, стотици мигранти чекаат да ги предадат документите во полициската станица, за да добијат потврда со која им се овозможува 72 часовен престој во Македонија.

Речиси сите сенки под дрвјата се исполнети со бегалци.

Дел од нив полицијата се обидува да ги групира во редови, за да може побрзо и поефективно да добијат потврди.

Еден полициски службеник за „Мета“ изјави дека честопати се прави метеж и тие што се напред се случува да бидат потиснати, но сепак се обидуваат да воведат ред.

На железничката станица можат да се забележат импровизирани тезги на кои се продаваат грицки, вода и овошје.

Шише обична вода чини едно евро.

Килограм банани се продава од две до четири евра.

Околу автобуската станица во Гевгелија, пак, исто така има мигранти, а може да се забележат и такси возила и таксисти кои се пазарат со нив.  Една гевгеличанка се пожали дека ја одбиле да ја возат велејќи и дека од миграните ќе заработат повеќе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...