fbpx

Мета-факт: Охрид минатата година доби мерна станица за загадување на воздухот, но не и Штип

-

Министерството за животна средина минатата година вети отворање на две нови мониторинг станици во Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух во Охрид и во Штип, а во буџетот за 2022 година беа предвидени и финансиски сретства за оваа намена. Во текот на минатата година оваа институција го отвори мерното место во Охрид, но не и тоа во Штип. Според тоа, ова ветување можеме да го сметаме како делумно исполнето.

Според објаснувањето од Министерството за животна средина, во буџетот за минатата година биле предвидени средства за мониторинг станици во овие два града, кои немаат мерни места за следење на квалитетот на воздухот. Сепак, со ребаланс на буџетот, дел од сретствата се повлечени, па граѓаните на Штип остана без можност да добиваат податоци за загадувањето на воздухот преку државниот мониторинг.

„Минатата година беше планирано отворање на две станици, во Охрид и во Штип со буџетски сретства. Со ребалансот на буџетот средствата се укинаа, со што остана само станицата во Охрид, која што беше отворена во октомври. Министерството побара одобрување на финансии за станицата во Штип и во буџетот за оваа година, но не беа одобрени. Секако, средства ќе се бараат и од други извори“, соопштуваат од Министерството.

Државниот мониторинг (ДАМСКАВ)  во моментов има 22 мерни локации, од кои една (во ѓорче Петров) е мобилна. Сепак, листата на градови каде преку државниот мониторинг не се следи состојбата со квалитетот на воздухот останува долга. Освен Штип, каков водух дишат не знаат ниту граѓаните на Струга, Радовиш, Ресен, Делчево, Крива Паланка, Крушево…

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година набави две автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, за општина Берово и Прилеп, а во 2020 таква доби и Гевгелија.

Од Министерството информираат дека ДАМСКАВ е воспоставен и соодветно се проширува врз основа на насоките наведени во Студијата за мониторинг на аерозагадувањето во Република Македонија.

„Целта на државниот мониторинг систем е да се следи квалитетот на воздухот во различни репрезентативни области, односно да има станици од различен тип, станица која го мери загадувањето од индустријата, станица која го мери загадувањето од сообраќајот и урбанa позадинска станица, во секоја зона и агломерација“, информираат од Министерството.

Извори:

Медиумска објава, (14.02.2022 г.) – Проверено на 07.02.2023 г.

Буџет на Министерство за животна средина и просторно планирање за 2022 г. објавен во Службен весник бр 287, 20 декември 2021 г. (Проверено на 07.02.2023 г.)

Изјава од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...