Метју Галт: World of Warcraft Classic – Носталгија трип за игра што не постои

‘World of Warcraft Classic’ е обид да се долови гејминг моментот кој одамна е изминат, но многумина би сакале да се врати уште еднаш, вели Метју Галт во својата колумна за Vice

Фото: Blizzard

Кога се пријавив во World of Warcraft Classic за прв пат минатата недела, избрав сервер со ниска популација за да ги прескокнам редовите за чекање и се појавив како Undead во Tirisfal Glades, прогонувана шума во близина на главниот град на Undercity. Покрај мене имаше друг нов играч по име „Беанфликер“. Во генералниот чет, некој зборуваше за тоа како единственото нешто што се сменило кај него од 2004 година, година кога прв пат беше објавена World of Warcraft, биле неговите хемороиди.

World of Warcraft беше, и сè уште е, Massive Multiplayer Online Role Playing Game (MMORPG). Тешко е да се разбере колкаво откритие беше кога Blizzard ја објави за прв пат во 2004 година. Имаше MMORP игри пред WoW, но жанрот беше хаотичен и чуден. Честопати, игрите беа антагонистички настроени кон своите играчи. Во EverQuest, умирањето значеше губење на искуство – што претставуваше часови на игра – и беше можно да се изгуби трупот и сета опрема на него. Лошата смрт во EverQuest значеше губење на месеци напредок.

Луѓето го исмеваа долгото време на чекање на најава на серверите на World of Warcraft Classic, но тоа беше норма во World of Warcrat и при првото објавување. Scji-fi MMORP играта од 2001 година Anarchy Online воопшто не можеше да се игра кога беше лансирана. Другите MMORPG едвај функционираа тогаш. Имам поминато долги часови во моите тинејџерски години гледајќи во екранот за најавување во EverQuest, пишувајќи ја и повторувајќи ја мојата лозинка сè додека не влезам во играта.

World of Warcraft беше првиот пат кога една MMO игра ја погоди рамнотежата помеѓу тешко и фер. Кога ќе умрете во Azeroth, морате да дојдете до трупот за да се вратите во игра, но никогаш не бевте во опасност да го изгубите вашето тело засекогаш. Од првиот час, сите што играат WoW разбраа дека играат нешто поразлично. Никогаш немало нешто слично на тоа, и никогаш повеќе нема да има.

Имало и други ММО, но жанрот едвај постои веќе. Guild Wars 2 и Final Fantasy XIV се добри. Но, тоа се исклучоци. Десетици компании се обидоа да ја фатат магијата на World of Warcraft и не успеаја. Warhammer Online, Star Wars: Old America, City of Heroes, The Matrix Online, Lord of the Rings Online. Секоја година откако World of Warcraft беше објавувена се лансира нова игра со популарна лиценца која не може да успее. MMORPG се скапи за правење, и ништо не е толку добро како World of Warcraft.

Со децении, индустријата за игри се обидува и не успева да ја долови магијата на оние рани денови на World of Warcraft. Најуспешните ММО биле оние што ги прават работите на свој начин и не се мачат да се обидат да го копираат WoW. Проверете ја EVE Online. Сега, по 15 години, дури и Blizzard се навраќа на моментот, обидувајќи се да фати нешто што одамна поминало.

Минатата година, ја испробав последната експанзија на WoW по 10 години оддалеченост од играта. Уживав да играм малку, но не ми тргна. Играв на оригиналниот World of Warcraft несоодветна количина на време. Поминав долги часови гриндајќи за опрема, во лов на играчи на Алијансата околу Nesingwary’s Camp и барав групи во Orgrimmar. Го поминав Молтен Кор, го фармав Barman’s Shank на мојот rogue алт и ги исчистив моите непријатели во Hillsbrad Foothills. Кога станува збор за ванила World of Warcraft, сум поминал сè. И новата експанзија едноставно не резонираше на ист начин.

Ветувањето на World of Warcraft Classic, сепак, беше дека така ќе биде. Со години фановите имаа покренато приватни сервери со рани инкарнации на играта, што претставуваше извор на тензија меѓу заедницата и нејзините креатори. Сега конечно Blizzard го објави World of Warcraft Classic, официјална форма на овие сервери за ванила верзијата на играта. Шанса да се игра играта како што беше, шанса да се доживее играта што го дефинира жанрот пред пачирањата и ажурирањата на содржината. Шанса да се нурне во игра од пред 15 години што им го дефинираше раниот живот на многумина.

Играв Warlock, исто како што направив пред 15 години. Се сетив на сите стари квестови што ги имав научено на памет, скоро и да немаше потреба да ги пребарувам. Слушав подкасти додека играв, нарачував храна, уживав во генералниот чет и се обидов да доловам дел од таа стара магија. Но, не беше тоа тоа. Не за мене.

Носталгијата е деликатна работа, а World of Warcraft Classic се обидува да претстави нешто специфично. Ова не значи дека World of Warcraft Classic нема да биде успех. Секогаш има пари во носталгија. Но, тоа е обид да се врати нешто што можеби никогаш не постоело. Со World of Warcraft Classic, играчите гледаат назад во играта со очила со розова боја.

Ништо не може да биде World of Warcraft. Имаше игра, а не жанр. И таа игра беше World of Warcraft.