fbpx

Меси ја освои петтата „Златна топка“

-

Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, по петти пат ја доби „Златна топка“ за најдобар светски фудбалер во 2015 година. Меси освои повеќе гласови од својот најголем ривал, фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, и соиграчот од Барселона, Нејмар.

– Не знам што да кажам. Ова е огромна чест за мене, специјален момент што повторно сум на оваа сцена и по петти пат го добивам ова признание. Благодарност до моето семејство и до сите соиграчи, но и до светската фудбалска јавност, која сè уште силно верува во мене. Ова е многу повеќе од тоа што го сонував како дете – рече Меси.

За најдобра фудбалерка, наградата ја доби Американката Карли Лојд, која со селекцијата на САД стигна до светската шампионска титула. Лојд освои повеќе гласови од Јапонката Аја Миама и од Селиа Сашиќ од Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...