fbpx

Мешовитата македонско-бугарска комисија без договор за Гоце Делчев, најавени нови средби до крајот на годината

-

Завршија дводневните средби на заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што се одржаа во Скопје. Не беше постигнат договор околу несогласувањето за револуционерот Гоце Делчев, мал напредок има во делот на историските учебници, а договорена е до крајот на годината уште една средба на која ќе се „пеглаат“ разликите во историските ставови на двете држави.

Тоа беше соопштено по денешниот состанок од ко-претседавачите на мешовита комисија, Драги Ѓорѓиев од македонска, и Ангел Димитров од бугарска страна. Шефот на македонскиот тим, Ѓорѓиев, посочи дека последниве два дена имало интензивни и напорни дискусии, а според неговиот колега од Бугарија, Димитров, клучното прашање и досегашното несогласување на двете земји околу револуционерот Гоце Делчев и понатаму останува нерешено. Според него, на состаноците на Комисијата воопшто не станало збор за македонскиот јазик и тоа е тема за која треба да разговараат лингвистите.

„Што се однесува за разговорите за темата која привлекува толку многу внимание, Гоце Делчев, за жал немавме ниту време, ниту можност да постигнеме нешто повеќе од тоа што го правевме досега“, рече Димитров.

„Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми. Молам за трпение и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите“, рече Ѓоргиев.

Од македонскиот тим најавија дека на наредниот состанок на Комисијата ќе се разговара на вообичаените теми, за учебниците за историја, за идеите за заедничко одбележување на историски личности и настани, како и за други теми и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата поради политички влијанија.

Комисијата е формирана со цел да се надминат разликите на двете земји во однос на одредени историски случувања, откако Софија постави ново условување за Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес. Од бугарска страна ни се забележува и дека целосно не се исполнува Договорот за добрососедство и дека Комисијата не работи ефикасно. Вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека ова тело работи многу поефикасно од слични вакви тела во Европа.

Досега Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за културата на двете земји, и пошироко, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил, што се препорачани за учебниците по историја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...