„Мерцедесот“ брендиран „Тоа на М“ тргна низ Македонија, денеска е во Битола

-

Битола денеска ќе биде првата дестинација на „мерцедесот“ брендиран „Тоа на М – по патот на хипокризијата и солидарноста“, кој е главниот реквизит во акцијата на невладината организација „Аква“ од Струга и на „Цивика мобилитас“, чии членови со автомобилот, купен илјадапати поевтино (за нешто повеќе од 500 евра), ќе патуваат низ Македонија и ќе ги прашуваат граѓаните дали чуле за „еден друг „мерцедес“ од 575.000 евра“.

ToanaM-vertigo
Филм на денот во „мерцедесот“ ќе биде „Вертиго“ на режисерот Алфред Хичкок

„Ние тргнуваме да го придвижиме граѓанството, да направиме промена, да се приклучиме на акциите за будење на свеста со „Тоа на М – по патот на хипокризијата и солидарноста“. Ќе посетиме заборавени и запоставени места, ќе се сретнеме со луѓе кои со својата храброст и одважност поттикнале и инспирирале, луѓе чиишто дела нашето општество треба повисоко да ги вреднува и да ги цени. Денеска, на Денот на нашата независност, ќе сме во Битола да се видиме и да поразговараме со една личност која направи голем подвиг за да ја разбуди јавната свест“, велат од тимот на „Аква“ и на „Цивика мобилитас“.

Оттаму додаваат дека „Тоа на М“ и сè во него е подготвено.

ToanaM-gepek
Во багажникот се сите потребни работи за мисијата на „Тоа на М – патот на хипокризијата и солидарноста“

„Тоа на М е подготвено. Спомениците, оние најскапите, се залепени. За „децата“ одзади, за по пат до Битола, филм на денот е ‘Вертиго’. Во багажник ги имаме сите потребни работи: торба со алати, фрижидер од 80-тите, куфер од 70-тите, Н.Г. од денешнината, Шварценегер со мерцедесот од 80-тите и црна кутија со ‘црни’ пари“, велат активистите.

Тие претходно информираа дека акцијата ја спроведуваат поттикнати од темите на разговор во телефонските разговори помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и експремиерот и актуелен лидер на владејчката ВМРО-ДПМНЕ, а поврзани со купувањето на „мајбах мерцедес“ од 575.000 евра.

Мерцедесот, со кој активистите од „Аква“ ќе ја крстосуваат државата, е брендиран со „Тоа на М“, по шифрата што ја користи Никола Груевски, според прислушуваните разговори, кога прашува за новиот автомобил.

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...