„Mерцедес“ наречен „Тоа на М“ низ Македонија ќе прашува за „роднината“ од 575.000 евра

„Тоа на М – по патот на хипокризијата и солидарноста“ е акција на невладината организација „Аква“ од Струга, чии членови со „мерцедес“ купен за илјада пати по евтино (за нешто повеќе од 500 евра) ќе патуваат низ Македонија и ќе ги прашуваат граѓаните дали чуле за „еден друг „мерцедес“ од 575.000 евра.

„Поттикнати од темите на разговор во телефонските разговори помеѓу министерката за внатрешни работи и премиерот, а поврзани со купувањето на „Мајбах мерцедес“ од 575.000 евра, одлучивме и ние да купиме „мерцедес“ и да го брендираме со „Тоа на М“ (шифра која ја користи премиерот кога прашува за мерцедесот)“, стои во објаснувањето.

Акцијата се очекува да почне на крајот од месецов.