fbpx

Мерко, Груби и Шаќири го почнаа рушењето на шест платформи на Охридското езеро во Струга

-

Во Струга денеска започна рушењето на сите шест платформи изградени на брегот на Охридското езеро. Вицепремиерот Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко најавија дека настанот претставува имплементација на „зелената агенда“ на ДУИ и дека се врши низ конструктивен дијалог меѓу општинските власти од Струга и бизнис заедницата.

И покрај нивното рушење, градоначалникот Мерко сепак денеска рече дека шесте платформи што се отстануваат не биле дивоградби, туку нивните сопственици сакале да се солидаризираат со колегите – сопственици на сличните конценсии во Охрид. Мерко рече дека нивниот град не сака да ги зголеми шансите Охрид да го изгуби статусот на заштитен град на УНЕСКО.

Струшкиот градоначалник додаде дека општинскиот тим постојано е ангажиран и работи на заштита на диверзитетот на Охридското езеро, наведувајќи го како пример зголемувањето на количината на трска од 10 на 200 хектари во последните 4 години.

Мерко, заедно со вицепремиерот Груби, денеска рекоа дека „зелената агенда“ веќе е во акција и дека денешното рушење на платформите е само почеток. Мерко рече дека развојот на градот Струга и развојот на туризмот е и ќе остане приоритет на неговата администрација, но и на сите граѓани на Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...