fbpx

5.000 полицајци ќе ја чуваат Меркел во Србија

-

Германската канцеларка Ангела Меркел на 8 и на 9 јули ќе ги посети Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Но, поради предупредувањето на Германија до своите граѓани што живеат и работат во Србија да бидат внимателни и да избегнуваат поголеми собири поради заканата на исламистите за терористички напад до крајот на рамазанскиот пост, безбедноста на канцеларката е подигната на највисоко ниво. Мерките за безбедност за Меркел во Белград ќе бидат поголеми од оние кои беа преземени кога во српската престолнина дојде рускиот претседател, Владимир Путин.

Подготовките се почнати, а претходницата на Меркел ќе стигне денеска. Од слетувањето на белградскиот аеродром, до заминувањето за Германија, за животот на канцеларката ќе се грижат повеќе од 5.000 полицајци , а уште илјада до две илјади ќе бидат на готовс. Освен полицијата, во обезбедувањето ќе бидат вклучени и безбедносните служби и војската на Србија.

Дел од нејзиното обезбедување ќе остане во авионот по слетувањето, а дел ќе ја следи во чекор сè до завршувањето на посетата. Јадењето со кое ќе биде послужена како и водата ќе бидат ставени на биохемиска анализа, а за цело време на најзината посета ќе ја следи возило на итна помош, во која ќе се носи крв со нејзина крвна група, вели извор од безбедносните служби на Србија.

Меркелова на 8 јули вечерта ќе пристигне во Белград по посетата на Албанија. Нејзе ќе ја пречека премиерот на Србија, Александар Вучиќ, со кого таа ќе вечера, а утредента на 9 јули е предвидено таа да се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...