fbpx

Меркел, Јункер и Столтенберг ја поддржаа одлуката на Трамп за нападот на Сирија

-

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нападот на САД на сириската воздухопловна база, од која е употребено хемиско оружје за нападот во Идлиб, е разбирлив имајќи го предвид страдањето на сирискиот народ.

– Нападот на САД е разбирлив, имајќи ги предвид димензиите на военото злосторство и страдањето на невиниот народ, како и блокадата на Советот за безбедност на ОН – рече Меркел.

Таа нападите ги опиша како „лимитирани и таргетирани“.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, порача дека мора да се одговори на употребата на хемиско оружје. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди напад на воената база на сириската војска, како одговор за нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб.

– САД ја известија ЕУ дека овие напади се лимитирани и имаат цел да ги запрат понатамошните разорувања со хемиско оружје – рече Јункер.

Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, сирискиот претседател Башар ал Асад сноси целосна одговорност за воздушните напади на САД врз сириската воена база.

– Сирискиот режим сноси целосна одговорност за ваквиот развој на настаните. Секоја употреба на хемиско оружје е неприфатлива и не може да мине без одговор, а тие што го направиле тоа, мора да одговараат – наведе Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...