Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека се надева дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија со Европска унија на Самитот на 5 и 6 мај во Загреб.

– Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб е многу важна работа поради проблемите со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Хрватска. Се надеваме дека на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се постигне напредок на тоа поле –  изјавила Меркел по средбата со Пленковиќ.

Пленковиќ истакнал дека Самитот на ЕУ ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи при посетата на државата апелираше партиите што побргу да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство и порача дека треба да се даде приоритет на тој закон.

Ако партиите постигнат согласнот, според него, тоа ќе биде добар знак упатен до земјите-членки за подготвеноста на државата да го испорача тоа што се бара од неа.