fbpx

Меркел го покани Ципрас на тет-а-тет средба

-

Алексис Ципрас ќе има тет-а-тет средба со Ангела Меркел. Грчкиот премиер и германската канцеларка ќе разговараат идниот понеделник во Берлин, на предлог на Меркел.

Железната лејди на ЕУ вчера телефонски го побарала Ципрас и предложила тет-а-тет средба за да се разговара за грчката финансиска ситуација.

Средбата доаѓа во моменти кога Германија е особено иритирана поради изјавите на министерот Јанис Варуфакис против политиката на Берлин кон грчкиот долг.

Од грчка страна, иницијaтивата на Меркел за средба се толкува како зрак надеж и можност да се најде заеднички јазик и компромис меѓу грчките и европските барања во клучни моменти кога се договараат техничките детали за новиот договор за грчкиот заем и европските притисоци врз Грција и натаму продолжуваат да се зголемуваат без да се покаже големо разбирање или попустливост кон политиката на владата на Ципрас.

Според информациите во Грција, Ципрас се надева дека оваа средба ќе помогне да се дојде до политичко решение за финансискиот проблем, да се покаже некаква поддршка кон Грција и да се воспостави одново доверба по бројните негативни изјави од европските функционери кон новата грчка влада.

Грчките медиуми коментираа дека колку да ѝ е неопходна оваа средба на Грција за да се покаже дека Германија сака да ја поддржи и да ѝ помогне, веројатно е дека Меркел покрај поддршката можно е да понуди последна можност и предлози за спас на Грција под нејзини услови и одреден компромис кој би бил поволен или еднакво неповолен и за грчката и за европската страна, нешто за кое Ципрас треба да биде добро подготвен од секој аспект за да не дозволи нов грчки крах. Доколку Ципрас се најде пред ваков предлог, според грчките медиуми, дилемата ќе биде дали да ја стави државата во неизвесна ситуација и да изгуби дел од европската поддршка или, пак, да се согласи да плати политичка цена за откажување од предизборните ветувања и политичката програма.

„Посетата на Ципрас на Берлин ќе биде последниот прозорец на можности за излез од безизлезната ситуација“, пишува „Катимерини“.

Информациите во медиумите од германска страна се дека оваа средба, веројатно, нема магично да ги реши сите проблеми, но може да помогне и двете страни да се насочат на патот кон конструктивен дијалог наместо постојано да се на раб на несогласувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...