fbpx

МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари

-

МЕПСО ќе ја суспендира компанијата за снабдување „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО.

Долгот што го има „ЕНГ сервис трејд“ е настанат како последица на преземена, но неплатена електрична енергија.

Директорот на Операторот на пазар на електрична енергија, Симон Шутиноски, нагласи дека новиот менаџмент во делот на работењето на пазарот на електрична енергија затекнал вкупен долг во износ од околу 57 милиони денари што учесниците на пазарот на електрична енергија му ги должат на МЕПСО.

– Значајно да се истакне е тоа што на компанијата снабдувач „ЕНГ сервис трејд“ отпаѓа повеќе од 70 отсто од вкупниот долг, кој во најголем дел е направен во првиот квартал годинава. Претходниот менаџмент од засега непознати причини не презел мерки за активирање на инструментите што стојат на располагање за негова наплата. Претпоставуваме дека надлежните државни инстанци ќе покажат интерес за овој случај за што менаџментот и официјално ќе ги извести – посочи Шутиноски пред новинарите.

Тој додаде дека во последниве петнаесетина дена ги презеле сите законски и подзаконски мерки што им стојат на располагање и дека вчера e активирана банкарската гаранција депонирана од „ЕНГ сервис трејд“ со што ќе се наплати дел од долгот. Шутиноски рече дека опомената пред суспензија кон „ЕНГ сервис трејд“ од вчера е јавно објавена и на интернет-страницата на МЕПСО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...