Mемеди: Пациентите се качуваат по скали наместо со лифт, ако се случи пожар немаме вода да го изгасиме

Секоја недела имаме недостиг на вода. Една пумпа овозможува притисок за хидрантите. Ако ни се случи пожар по спратови, немаме како да го изгасиме, вели директорот на Детска клиника, Реџеп Мемеди

-

Двата лифтови на Детската клиника не работат, ЕЕГ апаратот не работи, но е направена набавка, пумпната станица е руина и само една пумпа овозможува притисок за хидрантите. Ова го истакна директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди, кој зборуваше за повеќе предизвици со кои се соочува клиниката, но и за постигнувањата кои институцијата ги има.

„Недостигот на кадар е системски недостаток кој се провлекува со години. Да, дежураат специјализантите ама и специјалистите се присутни. Имаме сериозен недостаток на кадар. За последните 15 години од Клиниката заминале 40 специјалисти или во пензија или во приватното здравство. Зошто се случил ваков егзодус од Детската клиника и таа состојба сум ја наследил? Ваков недостиг на кадар е прашање кое не може да се реши преку ноќ“, рече Мемеди.

Тој кажа дека два лифта не работат, дека ЕЕГ апаратот не работи но дека направил набавка, а зборуваше и дека кујната каде што се подготвува храната е 20 години стара. Мемеди кажа и дека е достигнување тоа што е обезбеден хормон за раст за децата, па истакна дека сега нема деца што чекаат за хормонот, односно сите на кои им е потребен го добиваат.

„Во последно време сме сведоци на една асиметрична кампања насочена против нашата клиника и против мене, која имаше тенденција да прикаже дека за моето директорување од 3 месеци има голема стапка на смртност на Детска Клиника. Но, официјалните статистички податоци од Детската Клиника зборуваат дека сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со претходните 5 години и трипати помала смртност во споредба со пред 10 години. Не смееме да дозволиме некои злонамерни поединци да нанесат штета на целиот персонал и на Детската клиника кој деноноќно работи и се грижи за здравјето на сите деца“, истакна директорот.

Во врска со пумпната станица за која кажа дека е руина и дека само една пумпа овозможувала притисок за хидрантите, кажа дека таа е со дефекти.

„Секоја недела имаме недостиг на вода. Една пумпа овозможува притисок за хидрантите. Ако ни се случи пожар по спратови, немаме како да го изгасиме. Работам на решение и ќе обезбедиме нова станица за пумпи. Лифтовите се преку 40 години стари и два не работат уште од пред да дојдам на функција. Нашите пациенти се качуваат по скали. Ќе монтираме нови лифтови два. Другите два следната година ќе ги замениме“, рече директорот.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...