Мексиканската полиција ги приведе поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга, кои се осомничени за смртта на шест лица во полицискиот напад и за исчезнувањето на 43 студенти.
Поранешниот градоначалник Хозе Луиз Абарка и Марија де лос Анхелес Пинда се уапсени во Мексико Сити.
– Немаше насилство при полициската операција – соопшти портпаролот на полицијата, додавајќи дека брачната двојка е предадена на федералното обвинителство.
Абарака, неговата сопруга и шефот на градската полиција речиси два месеци беа во бегство, по полицискиот напад на студентите, извршен на 26 септември.
Студентите од Педагошкиот колеџ и понатаму се водат за исчезнати и покрај огромната потрага во државата Гертеро, каде се откриени десеттина масовни гробници со 38 неидентификувани тела.
Исчезнувањето на студентите предизвика револт во меѓународната заедница, која изврши притисок врз Мексико да ја искорени корупцијата во полицијата и да се справи со насилството на бандите.