fbpx

Мекејн не верува дека има можност за војна на Балканот

-

Сенаторот на САД, Џон Мекејн, претседавач на Комисијата за вооружените сили во Горниот дом на парламентот на САД, смета оти нема изгледи да избувне војна на Балканот, но дека некои области многу загрижуваат, поради што е потребно ангажирање од сите земји во регионот и од САД.

– Ќе кажам дека новиот претседател на Србија веднаш дојде овде откако беше избран и не можеме да заборавиме дека судирот кој во првите 50 години од минатиот век го привлече вниманието од целиот свет, почна токму тука. Тоа е аргумент за нас светот да го фокусира вниманието и поддршката за изградба на демократијата, која е нагласена во Дејтонскиот договор. Не верувам дека ќе има војна, но сметам дека ова бара напори од сите земји во регионот, но и од други држави, вклучувајќи ги САД, да се ангажираат – истакна Меккејн денеска во Сараево.

Тој во главниот град на БИХ допатува од Белград, а утре ќе престојува во Подгорица. Претходно беше во Загреб и во Љубљана. Меккејн рече дека една од причините за загриженост е руското влијание на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...