Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, денеска изјави дека е дојдено време барем претседателот на Собранието да биде Албанец. Таа на конференцијата „Промената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) рече дека на тој начин ќе се докаже дека Албанците се лојални на државните институции.
– Ако имаме функции резервирани само за мнозинството, не сме постигнеле ништо од Рамковниот договор. Мојата теза е дека доминантната заедница треба да биде гарант за правична застапеност на малцинствата во институциите, а не пречка за тоа. Кај нас со зголемување на бројот на заедниците во државната администрација, паралалено се зголемува и бројот на вработените Македонци и затоа не ја достигнуваме квотата на правична застапеност. Имаме неуставна политика за правично претставување – истакна пратеничката Мехмети.