fbpx

Мехмедовиќ: Го подготвуваме системот за евентуална епидемија со мајмунски сипаници

-

Да го подготвиме системот што е можно подобро за да одговори на евентуална епидемија со мајмунски сипаници и во нашата земја, е целта на Комисијата за заштита од заразни болести, кажа денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ. На денешниот состанок биле дискутирани клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите кои ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници. Членовите на комисијата покажале загриженост затоа што имаме ширење на мајмунските сипаници во светот, и тоа надвор од оние ендемични базени, како што се: Централна и Западна Африка.

„Пандемијата која се јавува во светски размери со мајмунските сипаници не е пропорционално идентична со пандемијата на ковид со која живеевме во последните две години. Но, со оглед на тоа што сакаме да бидеме подготвени како систем, па веројатно и светот тоа така го практикува, ние го применуваме тоа и во нашата земја. Договоривме внимателно да ја следиме ситуацијата и да обезбедиме практично сè што е потребно и за навремена дијагноза и за третман на евентуални пациенти кои би биле и во нашата држава“, рече Мехмедовиќ.

Од аспект на тоа да се обезбеди таква квалитетна дијагностика и третман, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) уште минатата недела стапил во контакт со СЗО, за да се обезбедат посебни тестови за дијагностицирање на мајмунските сипаници.

„Тоа е преку ПЦР-тестирање, меѓутоа се посебни китови коишто треба да се набават, така што тоа е во процедура да се обезбеди“, рече тој.

Во врска со тоа кои се симптомите на мајмунските сипаници, тој рече дека симптомите не се разликуваат од другите вирусни инфекции или вируси кои се поврзани со сипаници.

„За оваа болест претежно е карактеристична промена на кожата во форма на мали испакнатини или меурчиња кои можат да станат гнојници, а на крај стануваат красти. Придружно се јавуваат симптоми како што е висока температура над 38,5 степени, лимфоаденопатија, болки во мускулите, болки во грбот и генерална омалаксаност на телото“, појасни тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...