Меѓународната федерација на новинари бара ослободување на Зоран Божиновски

-

Меѓународната федерација на новинари на својот 29. Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 јуни во францускиот град Ангерс, усвои итна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски.

„Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци за да се наруши нивната доверба во јавноста“, се вели во резолуцијата.

Светскиот конгрес на МФН го обврзува новиот претседател, белгискиот новинар Филип Лерут, итно да ги повика македонските власти, МВР, Кривичниот суд во Скопје и македонскиот обвинител, веднаш да го ослободат Божиновски.

МФН изрази целосна поддршка за новинарот Божиновски и на напорите на ЗНМ за заштита на слободата на медиумите и на правата на новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан меморандум за реализација на втората фаза на проектот за координација на активностите кои произлегуваат од членството во НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на втората фаза на проектот за...