fbpx

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид

-

Од денеска до 26 јуни, во Охрид се одржува 49. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.

Осумдесет стипендисти од 17 држави ќе бидат дел од годинешниот македонистичко-славистички собир, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Семинарот се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот.

Во рамките на семинарот ќе се одбележат 1.100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа, 70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик и 70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик.

На семинарот, на 25 и на 26 јуни ќе се одржи 43. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Наставата се одвива со секојдневни активности на учесниците, насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот.

Годинава активностите на семинарот ќе ги следат стипендисти од 17 земји, меѓу кои: Канада, Финска, Естонија, Франција, Словенија, Србија, Хрватска, Романија, Унгарија, Русија, Чешка, Полска, Украина, Австрија, Романија, Азербејџан, Кина, Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...