fbpx

Меѓународен семинар за македонски јазик, лингвистика и култура во Охрид

-

Утре, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид, свечено ќе биде отворена 48. по ред летна македонистичка школа, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој ќе трае до 27 јуни.

Од УКИМ велат дека Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура веќе е препознатлив како летен универзитет по македонистика, за што сведочи и големиот интерес за учество.

Годинава на семинарот ќе учествуваат 78 стипендисти од 20 земји.

Најголем број од стипендистите се студенти на прв и на втор циклус студии, кои го изучуваат македонскиот јазик, како главен или како изборен предмет. Петмина од учесниците се докторанти, чии теми на истражување се поврзани со македонскиот јазик.

На семинарот годинава ќе учествуваат и 18 професори кои на своите универзитети ги вклучуваат темите од областа на македонскиот јазик, литература и култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...