Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, а препораките за општините се согласно можностите, да ангажираат физичко обезбедување и да постават видео надзор

-

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички ќе се грижат за безедноста на училиштата, откако утрово многу училишта во земјава беа мета на сајбер напади. Се очекува меѓуресорската група да се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите.

„Заеднички настапуваме во следниот период и со дополнителни напори од општините, ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата“, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција.

Одговорните во училиштата, во случај на дојави за експлозивни направи, треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат стручните лица од министерството.

„Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од Министерството за образование и наука, а препораките за општините се согласно можностите, да ангажираат физичко обезбедување и да постават видео надзор“, рече Јаневска.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...