Меѓународниот ден на студентите ќе се одбележи со „Регионална Станица студентска“

Трите панел дискусии кои ќе се одржат на Правниот факултет се на темите: „Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ“, „Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“ и „Регионална соработка“

Ориентациски денови на ФИНКИ, УКИМ / фото: Мета.мк

Три панел дискусии и саем на студентски и младински организации ќе бидат дел  од „Регионална Станица студентска“ – настанот со кој Младинскиот образовен форум, во соработка со Националното студентско тело на Северна Македонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ќе го одбележат Меѓународниот ден на студентите.

Настанот ќе започне в понеделник, 18 ноември, во 10 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Трите панел дискусии кои ќе се одржат на Правниот факултет се на темите: „Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ“, „Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“ и „Регионална соработка“.

Паралелно со панел дискусиите ќе се одржи и саем на студентски и младински организации, со цел промоција на нивните активности пред студентите.

„Целта на панелите е да се даде осврт и ретроспектива на петгодишнината на универзитетското студентско организирање какво што е денес. Студентското организирање е клучно за поттикнување на активна граѓанска свест и овозможува студентите да застапуваат за своите права и интереси во академската средина“, велат организаторите на настанот.