fbpx

Меѓународна федерација на новинари: Во 2020 година во светот се убиени 42 новинари и медиумски работници

-

Во текот на 2020 година во светот се убиени 42 новинари и медиумски работници, а над 200 се затворени поради извршување на своите работни обврски, објави во четвртокот Меѓународната федерација на новинари (IFJ), пренесува Н1. Извештајот на IFJ е објавен на Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември, и според него, најмногу новинари се убиени во Мексико, 13, пет новинари се убиени во Пакистан, а во Авганистан, Индија, Ирак и Нигерија по тројца.

Меѓународната федерација на новинари која брои 600.000 членови во 150 земји, исто така, предупредува на големиот број на затворени новинари, често без никакво обвинение.

Генералниот секретар на IFJ Антони Беланже изјави дека намалувањето на бројот на убиства на новинарите годинава не може да ја замагли „смртоносната опасност и закани со кои се соочуваат новинарите поради својата работа“.

Најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментов се наоѓаат во затвор, а против нив се водат постапки поврзани со нивната работа.

Иако бројот на загинати и затворени новинари се намалува, активистите на човекови права предупредуваат на незаинтересираноста за проблемите со кои се соочуваат новинарите, вклучувајќи ги смртната опасност и постојаните закани.

Според IFJ, во последните 30 години се убиени 2.658 новинари и медумски работници во светот. Над 50 отсто од новинарите беа убиени во десетте најопасни земји кои страдаа од војни, криминал и корупција, како и катастрофално нарушување на редот и законот. На врвот е Ирак (339 убиени), следен е Мексико (175), Филипини (159), Пакистан (138), Индија (116), Руска Федерација (110), Алжир (106), Сирија (96), Сомалија (93) и Авганистан (93).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат...