fbpx

Медиумски реформи: Нешто целосно, нешто делумно, а нешто воопшто неисполнето

-

„Опсерваторијата на медиумските реформи“ објави периодичен извештај (јули – октомври 2017 година) од набљудувањето на спроведувањето на реформските приоритети од областа на медиумите.

Набљудувањето, чиј предмет беа четирите столба на реформските приоритети (МРТВ, владино рекламирање, пристап до информации и клеветета и навредата) ги утврди следните клучни наоди:

МРТВ: Започнати се легислативни промени со кои се постигнува (само) финансиска стабилност, која не обезбедува средства за реформите во насока на професионализација, техничко- технолошки, програмски и кадровски развој на МРТ. При тоа, се проценува дека досега усвоената мерка ќе доведе до драстично ограничување на неговиот буџет.

Владино рекламирање: Владата објави дека ги укинува своите реклами на медиумите и дека понатамошната комуникација со јавноста ќе ја прави преку јавниот сервис и преку социјалните медиуми. Не беа дадени детални објаснувања за неколку специфики во поглед на оваа проблематика, на пр., дали ќе се плаќаат реклами на МРТ, продукција на рекламни спотови и платени кампањи на социјалните мрежи.

Пристап до информации: Владата почна процес на „адресирање на главните пречки со кои се соочуваат новинарите при добивањето јавни информации“, преку јавна достапност до низа претходно класифицирани документи од државните институции. Владата обезбеди бесплатен пристап за новинари до податоци од две институции иматели на бази на податоци од јавен интерес. Новинарската заедница бара измена и дополнување на Законот за пристап до информации од јавен карактер, заради скратување на роковите на одговор.

Клевета и навреда: Не е извршено ревидирање на законодавството, односно Законот за граѓанска одговорност за клевета и за навреда и процедуралните правила треба да се усогласат со практиката на Европскиот суд за човекови права, според УПР и препораките на Прибе. Владата нема објавено мерки за поддршка на механизмите на саморегулација.

„Опсерваторија на медиумските реформи“ ќе продолжи со следењето на исполнувањето на спроведување на реформските приоритети од областа на медиумите.

Проектот го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Сите материјали што се производ на овој проект и на спроведеното набљудување се достапни на mediaobservatorium.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...