fbpx

Медиумите во Косово за време на Koвид 19 генерално коректни – дезинфо на социјалните мрежи

-

За разлика од некои земји во регионот, Владата на Косово не презема никаква правна иницијатива што може да ја услови слободата на новинарите да ја практикуваат својата професија или би резултирала ќе резултира со зголемена самоцензура. Новинарите во Косово се соочуваат со слични предизвици како новинарите во земјите од регионот, меѓутоа, во споредба со соседните земји, Косово и понатаму рангира подобро од нив во Индексот за слободата на медиумите на Репортери без граници. Исто така, Косово е единствената земја во регионот на Западен Балкан која веќе петта година по ред напредува во извештајот на организацијата „Фридом Хаус“ за демократизација на државите.

За време на пандемијата, медиумите во Косово се коректни во известувањето, со неколку исклучоци. Медиумите се обидоа да го одржат општеството информирано, со потврдени информаци кажани од официјални извори. Косовските медиуми почнаа да посветуваат поголемо внимание на ковид-19 од времето кога беа регистрирани првите случаи во Албанија. Од март, медиумите во Косово започнаа со известување за корона вирусот. Телевизиите и повеќето онлајн медиуми ги третираа случаите на луѓе погодени од вирусот професионално, почитувајќи ја нивната приватност и ги зачувуваа нивните идентитети.

 

Мејнстрим медиумите известуваа правилно во кризата

Првиот случај на Косово беше регистриран на 13 март и оттогаш сите медиуми ги опфаќаат сите случувања поврзани со корона вирусот.

Покрај интервјуата со експерти од областа, медиумите известуваа конзистентно за потврдените нови случаи со вирусот, новите мерки од Владата, состојбата на Клиниката за инфективни болести, предизвиците со кои се соочуваат лекарите, состојбата во општините во кои се појавија случаите на заболени од ковид-19.

Во овој период, честопати се известуваше и за ситуацијата во други земји, понекогаш правејќи споредби помеѓу Косово и тие земји.

 

Политичката криза и нејзиното влијание на медиумското известување

Помалку од две недели по избувнувањето на корона вирусот во Косово, политичката криза се продлабочи кога беше изгласана иницијативата за недоверба во косовското Собрание и Владата на Курти падна. Од 25 март, Косово остана со привремена влада. Оттогаш, политичките теми честопати беа главните теми во косовските медиуми. Случувањата поврзани со новата политичка состојба во земјата по падот на Владата, честопати беа главни вести на денот на телевизиите и на онлајн-медиумите, кои влијаеја известувањето за коронавирусoт во различни денови да остане во сенкатата на политичките случувања. Вест на денот честопати беше и комуникацијатa на претседателот Хашим Тачи со премиерот во оставка, Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување, победничката партија на изборите во октомври 2019 година.

По вклучувањето на Демократската партија на Косово (ДПК) во обидот за создавање на новата влада,  разговорите на ДПК со други политички партии, одбивањето на Демократскиот сојуз (ДС) да формира нова влада, нивното барање нови избори по поминување на пандемијата, декретот на претседателот Тачи за новиот мандат за формирање на новата влада, привременото прекинување на имплементацијата на овој декрет од страна на Уставниот суд на Косово, откако Самоопределување побара да се оценува уставноста на одлуката на претседателот – сите овие случувања влијаеја медиумите честопати да им даваат повеќе простор на политичките случувања отколку на новите случаи поврзани со корона вирусот.

 

Дезинформаци на социјалните медиуми 

Бројни и разновидни дезинформации започнаа да се шират по појавата на корона вирусот, главно на социјалните медиуми. Во Косово, токму социјалните медиуми, како Фејсбук, се меѓу главните извори на информации, но и на дезинформациите. Граѓаните беа изложени на низа дезинформации што предизвикаа паника и, како резултат на тенденцијата на граѓаните да шират какви било информации што ги прочитале, непроверени и честопати лажни, таквите вести доаѓаа до уште поширока публика.

Дезинформации како: Децата се имуни на вирусот корона; Постои вакцина против коронавирус; Кинеската влада изгради болница преку ноќ, итн., раширени од косовските граѓани кои немаа свесност за штетата, станаа дел од манипулацијата. Во анализата се претставуваат петте главни дезинформации што беа ширени на албански јазик со голема интерактивност на Фејсбук.

Во овој период, мејнстрим медиумите не беа посветени на борбата против дезинформациите. Политичките случувања влијаеја на тоа просторот за корона вирусот во мејнстрим медиумите да биде ограничен, затоа што фокусот на главните телевизиски емисии беше свртен кон политички теми, додека дури и во онлајн медиумите немаше извештаи или континуирана анализа на дезинформаците кои се ширеа во општеството.

Весниците престанаа да печатат, прејдоа на онлајн 

„Коха Диторе“ и „Епока е Ре“ престанаа да ги печатат весниците кога започнаа првите владини мерки. Сепак ги искористија своите дигитални изданија за да продолжат со излегување. Всушност, сите броеви за време на пандемијата се објавуваат бесплатно на koha.net и epokaere.com. Повеќето новинари работат од своите домови, но има многумина кои продолжија да ги извршуваат своите задачи со излегување на терен или работа во канцеларија.

Дрен Гргури

(Авторот е предавач на Катедрата за новинарство при Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...