fbpx

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

-

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, ТВ 21-М, 24 Вести и првата програма на Македонското радио.

„Радиодифузерите од примерокот за мониторинг настојуваа да известуваат за активностите на политичките партии врамнотежено, односно генерално го почитуваа начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења со што и овозможија на публиката слободно да го оформи своето мислење за одделни настани и прашања“, се посочува во Извештајот на ААВМУ.

Покрај истакнатиот квалитативен дисбаланс кај првата програма на Македонското радио и укажувањето за „генералното почитување“ на законското начело за објективно и непристрасно прикажување на настаните кај телевизија Алфа, за останатите медиуми од страна на ААВМУ не е посебно нагласено неурамнотеженото известување во периодот од распишувањето на изборите до почетокот на изборната кампања.

Најчестата жанровска граѓа на дневноинформативните емисии биле претежно информативните новинарски жанрови: вест, вест во низа и извештај, а само кај два медиуми биле забележани претежно аналитички коментари и осврти, се нагласува во извештајот.

„Аналитичкиот пристап кон актуелните настани, сите мониторирани радиодифузери ѝ го овозможија на публиката преку посебните информативни емисии, најчесто интервјуа и дебати. Кај неколку од телевизиите имаше и контактни емисии во кои граѓаните можат да го изнесат својот став на однапред утврдена тема“, се вели во извештајот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврдила дека предизборните теми кај сите медиуми во мониторингот биле ставени во втор план. Активностите на политичките партии за изборите и организирањето и спроведувањето на изборниот процес добиле помало значење, бидејќи поголемо време од било кој друг поединечен субјект во вестите било дадено на категоријата „Здравство“. Ова се објаснува со фактот што во предизборниот период започна и медиумското известување за справувањето на земјава со корона вирусот.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...