Медиуми ги плашат Грците со старо видео од мигранти кои влегуваа во Македонија во 2015 година

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Грција моментно е најзасегнатата земја од очекуваниот наплив на мигранти, па некои портали пласираат дезинформации со кои директно стимулираат или засилуваат стравувања кај читателите. Грчкиот сервис за проверка на фактите Ellinika Hoaxes откри еден таков случај, во кој видео од 2015 година на кое се гледа како мигранти влегуваат од Грција во Македонија е пуштено на грчката телевизија „Алфа“ како снимка од моменталната состојба на грчко-турската граница на реката Еврос (Марица).

Видеото било емитувано, а водителот коментирал дека униформираните се грчки полицајци или припадници на Фронтекс.

– Не можат да сторат ништо…? Децата го прават ова долж Еврос… одат секаде. Не ја сопираат масата. Сите ги пуштаат. Заминуваат. Жичената ограда паѓа… Крај… Ако ова би требало да бидат граничари, тогаш јас сум паднал од Марс! – коментира водителот.

Но, видеото што го прикажуваат е направено во 2015 година кај Гевгелија, кога македонски полицајци се обидуваат, но не успеваат да ги сопрат мигрантите да влезат на македонска територија.

„Видеото е снимено од seleo.gr“, напоменува Ellinika Hoaxes.

Овој сервис за борба против дезинформациите и лажните вести откри и друг, речиси идентичен, случај – видео снимено на 3 април 2016 година на островот Иос, на неколку сајтови, Фејсбук-страници и блогови се претставува како снимка од судирите на населението со полицијата на Иос на 24 февруари годинава. И во случајот од февруари годинава и во тој од 2016 година станува збор за судири на локалните жители со полицијата, при протести против мигрантите.

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Од МВР соопштуваат дека во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец, во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки,...