Медицински сестри прегледуваат пациенти во кумановската болница oти нема офталмолози

Пациентите се жалат дека на одделот нема дежурни лекари кои би ги вршеле прегледите по 15 часот

-

Медицински сестри се принудени да ги прегледуваат пациентите поради недостаток на дежурни лекари во одделот за офталмологија во болницата во Куманово, пишува „Порталб“. Пациентите се жалат дека на одделот нема дежурни лекари кои би ги вршеле прегледите по 15 часот. За Порталб.мк тие сведочат дека имало случаи кога терапијата и прегледите ги вршат медицинските сестри. Тие, пак, велат дека даваат се од себе пациентите да не ги остават на цедило кога им се обраќаат за помош.

Во меѓувреме, од Министерството за здравство, без да ни дадат конкретен одговор, рекоа дека во оваа болница има четворица лекари специјалисти и еден специјализант.

Порталб.мк разговараше со кумановецот Б.А., кој на 7 ноември околу 21 часот се обратил до одделот за офталмологија бидејќи имал крварење во очите. Тврди дека при прегледот во болницата немало дежурен лекар.

„Минатата недела имав проблеми со очите, имав пукнат капилар на едното око и крварев. Кога пристигнав на Одделението за офталмологија ме однесоа во собата за преглед, а при прегледот ја прашав сестрата која ме прегледуваше дали е доктор или медицинска сестра? Не ми одговори, јас повторно ја прашав таа пак не ми одговори, а после неколку минути ја прашав по трет пат и ми вели сакаш да те прегледаме или не?! Јас и реков, секако, да, но зошто не ми одговараш? Таа одговори дека е медицинска сестра и дека нема дежурен лекар. Јас и реков дека не е квалификувана да дава рецепти и да ми поставува дијагноза во отсуство на лекарот, а таа ми рече дека се труди да си ја врши работата затоа што има искуство и имала такви случаи и може да ми помогне. Ми рече дека ако сакам да ме прегледа лекар, тогаш да сум дошол утредента. Капките што ти ги дадов ќе ти помогнат, и може да примате витамин Ц затоа што не е опасно, ми рече медицинската сестра“, ни раскажа изреволтираниот граѓанин.

Тој додаде дека „не е во ред да има недостиг од лекари на ова одделение, и како може и медицинска сестра од почеток да не каже дека не е лекар, тоа е недозволиво бидејќи очите се огледало на здравјето“.

Еден жител на кумановското село Черкези изјави дека поради недостиг на лекари и опрема во кумановската болница, тој морал да земе упат и да го продолжи лекувањето на очите во Скопје.

„Имав проблеми со очите и морав да правам редовни контроли во болницата во Куманово, но за жал бев принуден да ги прекинам и да го продолжам лекувањето во Скопје, бидејќи на ова одделение немаат некои апарати. Овде треба да има лекари специјалисти во секое време, затоа што како граѓанин кој работи во Куманово, немам време секоја недела да одам на преглед во Скопје, а тоа ме чини пари“, рече тој.

Порталб.мк на 11 ноември го посети одделението за офталмологија во болницата во Куманово. Раскажувајќи за проблемите што ги имаат нивните пациенти, една медицинска сестра посочи дека во одделението има недостиг од кадар.

„Овде во работни денови лекари има до 15 часот. Но, за време на празници и викенди нема дежурни лекари, а моментално еден лекар е на боледување. Како медицинска сестра со работно искуство, кога лекарот не е на работа има моменти и кога ги лекувам пациентите и им помагам, без разлика дали им влегло нешто во очите или имаат некаква инфекција затоа што ми е жал да ги оставам пациентите во таква состојба“, рече една медицинска сестра, додавајќи дека на ова одделение има само еден нов апарат, а останатите се застарени.

Во врска со овој проблем, од Министертвото за здравство, без да дадат конкретен одговор, рекоа дека во оваа болница има четворица лекари специјалисти и еден специјализант.

„Исто така, во регионот на општина Куманово во Програмата за специјализации и супспецијализации предвидени се специјализации по офталмологија во ЈЗУ Куманово и ЈЗУ Липково, а на јавниот повик за вработување приватни специјалисти интерес за специјализирање во оваа област имаат пројавено двајца лекари“, ​​соопштија од Министерството за здравство.

Потсетуваме дека министерот за здравство, Арбен Таравари зборуваше за недостигот на лекари во Македонија, истакнувајќи дека недостасуваат најмалку 1.000 лекари.

„Кои се можните кандидати за заминување од државата? Се надевам дека следната година ќе најдеме решение, и покрај 300 специјализанти, да вработиме и околу 300-400 лекари, што ќе ни овозможи да имаме одредена стабилност на болниците, особено во руралните средини“, вели Таравари, во изјава за Гласот на Америка.

Таравари нагласи дека за да се надмине оваа состојба Владата донела одлука за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив до крајот на оваа година и уште триста следната година. Исто така, Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот на уште 1.200 здравствени работници, од кои некои работат со договор 10 години. Во јули годинава Кумановчани се пожалија дека во кумановската болница нема ехо апарати и се принудени снимањата да ги прават во приватни амбуланти. Во април годинава претставниците на Синдикатот за здравство  протестираа пред Министерството за здравство барајќи покачување на платите.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...