Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Недостигот на обучен персонал, простор и технички услови спречува користење на скапа опрема во јавните здравствени установи. Државната ревизија откри значајни слабости во планирањето, евиденцијата и искористеноста на здравствените ресурси

-

Недостатокот на стручен кадар, просторни и технички услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема во јавните здравствени установи во Македонија, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Станува збор за опрема вредна 18,6 милиони евра, која или воопшто не е ставена во употреба или не се користи со целосен капацитет.

Ревизорите утврдиле дека континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги не е проследено со зголемување на бројот на здравствени работници, што доведува до преоптовареност на постојниот кадар и недоволно искористување на новата медицинска опрема.

„Вкупната вредност на медицинската опрема опфатена со ревизијата изнесува 57,7 милиони евра, од кои 68 отсто се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети. Но, поради недостиг на кадар и простор, опрема вредна 13 милиони евра сè уште не е во функција, а дополнителни 5,5 милиони евра не се користат целосно“, се наведува во извештајот.

Недостиг од кадар и простор ја прави опремата нефункционална

Во ревизијата била опфатена современа медицинска опрема со висока набавна вредност и значајна улога во дијагностика и третман – КТ уреди, ангиографи, акцелератори, мамографи со томосинтеза, ПЕТ/КТ уреди и апарати за роботска рехабилитација. Анализирани се и политиките за набавка и користење на опремата во периодот од 2021 до 2023 година.

Иако во јавните здравствени установи има 30 КТ уреди, половина од нив се веќе амортизирани. Дел работат со полн капацитет, но честите дефекти и високите трошоци за одржување, како примерот со уредот во болницата во Струмица кој не работел речиси цела 2024 година, го ограничуваат нивниот ефект.

Посебен акцент е ставен на Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ), единствениот центар во државата со капацитети за рана дијагностика на малигни заболувања. И покрај тоа што располага со ПЕТ/КТ скенер и Циклотрон вредни 5,8 милиони евра, капацитетот на Циклотронот не се користи целосно, бидејќи се вршат снимања за околу 180 пациенти месечно.

Во 2023 година, првпат се набавени и 4 мамографи со напредни функционалности, но истите се користат главно само за основна дигитална мамографија, поради недостаток на обучен персонал и дополнителна опрема потребна за напредните функции – томосинтеза и стереотакса.

Неподредени податоци и ненаплатени услуги

Ревизорите откриле и несогласувања во евиденциите помеѓу здравствените установи, системот „Мој Термин“ и Фондот за здравствено осигурување. Овие несогласувања резултираат со неточни податоци за извршени услуги, неприкажани услуги и ненаплатена партиципација од најмалку 247.000 евра.

„Нецелосното евидентирање на услугите и отсуството на листи на чекање го оневозможуваат утврдувањето на реалната побарувачка, како и точниот број на извршени здравствени услуги“, се вели во извештајот.

ДЗР препорачува институциите итно да преземат мерки за подобрување на системот, со цел рационално користење на медицинската опрема и зголемување на достапноста и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...