„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Инсталацијата се состои од два чадори за плажа и еден централно поставен постамент на кој се наоѓаат информации поврзани со заштитата на децата на интернет. Композицијата е наместена разиграно, повисоко-пониско

-

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на борбата за заштита на личните податоци и заштитата на постарите генерации од лажни вести.

Инсталацијата се состои од два чадори за плажа и еден централно поставен постамент на кој се наоѓаат информации поврзани со заштитата на децата на интернет. Композицијата е наместена разиграно, повисоко-пониско. Чадорите се обложени со светкави завеси, наменети за забави, во најразлични светли и весели бои. На секој од рабовите на чадорите висат рециклирани мечиња завиткани во целофан со декоративна машна, надополнети со бонбони завиткани во проѕирен целофан.

Во замислен радиус од три метри, каде што е поставена инсталацијата со забавните чадори, се наоѓа просторот кој има за цел да привлече и поттикне публиката да се доближи.

„Со секое приближување кон овој простор се започнува разговор со старателите или младите и возрасните, при што им се претставува ‘договорот’. Потоа, од нив се бара потпис за согласност за интеракција со инсталацијата и темата. Самата идеја за претставување на „договорот“ има за цел да ги наведе посетителите на размислување – на што, всушност, се согласуваат кога самите објавуваат фотографии од своите деца на интернет и кои сѐ опасности се кријат зад таквите објави. Преку чинот на претставување и давање на „договорот“, авторката всушност ги предупредува родителите за сите опасности кои произлегуваат од нивните објави“, велат од Центарот за современи уметности.

Фокус група на оваа едукативна инсталација се младите на возраст од 14 до 22 години и возрасните над 60 години, односно бабите и дедовците кои се одговорни за чување на своите внуци.

„Во полесните случаи, последиците од злоупотребата, односно кражбата на личните податоци, се сведуваат на пренатрупаност со мејл, Вибер, СМС и слични пораки на електронските уреди, но во посериозните случаи, граѓаните, за жал, остануваат со празни банкарски сметки, исплаќаат разни претплати за кои никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи, поради злоупотреба на нивните податоци, враќаат брзи кредити што не ги земале. Исто така, неретки се и случаите кога се злоупотребуваат податоци и фотографии од деца, кои нивните родители, а многу често баби и дедовци, ги објавиле на социјалните мрежи“, додаваат од Центарот за современи уметности.

Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...