Премиерот на Албанија, Еди Рама и поранешниот македонски премиер Зоран Заев го одржаа првиот меѓувладин состанок на 15 декември 2017 година во Подградец. Рама и Заев првиот состанок го проценија како „ново поглавје во односите помеѓу двете земји”.

Лидерите на двете земји ветија дека за кратко време, ќе се изгради железничката делница Драч-Елбасан-Подградец и граничната зона Лин-Северна Македонија. Но, после повеќе од две години, железничкиот проект остана само на хартија, пишува „Порталб.мк“.

Состанокот, кој беше оценет многу позитивно од двајцата лидери, беше заокружен со потпишување на неколку договори. Со цел зголемување на трговските односи, Рама изјави дека за краток период треба да започне изградбата на железницата Драч-Елбасан-Подградец и граничната зона Лин-Македонија

„Ја користам приликата со задоволство да подвлечам дека за нашиот дел од Коридорот 8, патниот правец Драч од границата со Македонија е целосно рехабилитиран и предвидено е за краток период на рехабилитација, да се изгради и делницата Ќафасан-Подградец-Корча. Исто така се работи на изградбата на патниот правец Кукес-Ќафплоча. Железничката линија Драч-Елбасан-Подградец и граничниот дел Лин-Македонија, за што е добиена уште една финансиска поддршка од фондот за инвестиции на Западен Балкан,“ изјави тогаш Рама.

„Фактоје”, преку пристап до информации од јавен карактер, побара информации за проктот од Министерството за инфраструктура и енергија (МИЕ) на Албанија.Но од таму соопштиле дека во моментов проектот е во почетна фаза на изработка на студија.