МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Речиси половина од граѓаните се многу загрижени заради злоупотребата на дроги, а околу една третина, заради „белата чума“, односно депопулацијата на населението

-

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние со незавршено основно до 47,2 кај испитаниците со завршено високо образовани, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој ја проверувал перцепцијата на граѓаните за безбедноста, како личната, така и безбедноста во државата. Податоците биле обезбедени со телефонска анкета, спроведена на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.

Прашани со кои активности може да се надмине безбедносната загрозеност, 64% од испитаниците целосно се согласиле со изјавата построги закони и поголема дисциплина помеѓу граѓаните.

„Големо мнозинство од 91,7% се согласни (потполно или делумно) дека тоа може да се направи со подигнувањето на стандардот на граѓаните што и дава економска димензија на безбедноста. Двете области во кои треба најмногу да се инвестира за да се намали безбедносната загрозеност се јакнењето на институциите (21,8%), вложувањето во луѓето кои се дел од системот на безбедност преку зголемување на плати и набавки на опрема (19,4%)“, пишува во соопштението од МЦМС.

Според резултатите, невработеноста и сиромаштијата (57,9%), појавата на локален тероризам и вооружен бунт (52,0%) и меѓуетничките тензии (51,3%) се факторите кои можат да влијаат на безбедноста. Голема е согласноста (потполна или делумна) и кај поддршка за факторите како што е нивото на демократија, задолженоста на земјата и порастот на политичката поларизација.

Корупцијата, организираниот криминал, иселувањето во странство и финансиската задолженост ги прави многу загрижени мнозинство од граѓаните на Северна Македонија. Речиси половина од граѓаните се многу загрижени заради злоупотребата на дроги, а околу една третина, заради „белата чума“, односно депопулацијата на населението.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...