На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР Струмица за Мета.
„Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информира СВР Струмица.