fbpx

Матис: Гласот на референдумот е најважниот глас во историјата на вашата нација

-

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. На референдумот ќе одлучите за вашата иднина и во тоа ја имате поддршката од САД, рече американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Според него Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување во НАТО и ЕУ и ќе ги зајакне безбедноста и економскиот развој на Македонија.

– Неодамна прославивте годишнина од референдумот на кој над 95 отсто од граѓаните се одлучија за независноста на земјата. За две недели вашите граѓани уште еднаш ќе добијат можност да ја придвижат земјата напред. Ви аплаудирам за вашите неуморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа со Грција. Знаеме дека тоа бараше трпелива дипломатија од двете страни и компромисите се секогаш тешки – рече Матис, искажувајќи благодарност до Заев и Шекеринска за нивниот ангажман во разрешувањето на како што наведе, „тешкиот спор за името“.

Потсети на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека со приклучувањето во НАТО, Македонија ќе добие еднакво место во најуспешната воена алијанса заедно со 29 други земји членки кои, како што наведе Матис, „се обврзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност“.

-Ние сме подготвени да ви поскаме добредојде како 30. членка на НАТО – порача секретарот за одбрана на САД.

Нагласи и дека Алијансата се залага и зачувување на територијалниот интегритет и зачувување на слободата и демократијата.

Матис најави оти денеска ќе се сретне и со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов со кој, како што рече, ќе ги продолжи разговорите за светлата иднина што и претстои на земјава.

Посетата на секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис е уште една потврда за охрабрувањето и афирмирањето на нашето стратешко партнерство и е силен поттик за исправноста на политиките што Република Македонија ги презема на планот на дијалогот, толеранцијата, рече на прес-конференцијата премиерот Зоран Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи оти посетата на Матис е силна потврда за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...