Искршени семафори, запалени канти за отпадоци, уништени билборди и оштетени излози на институции и деловни објекти го променија изгледот на улиците во Tирана, во протестите што траат неколку дена, пренесува „Фактоје“.
Протестирачите се судриле и со почицијата која употребувала солзавец. По улиците на главниот град, групи млади луѓе трчале кон институциите и различни локации низ градот, за само неколку минути подоцна да се повлечат по интервенцијата на полицијата или по употребата на солзавец.
Најчеста глетка во толпата биле млади со училишни ранци, спортска облека, дуксери и патики. Меѓу демонстрантите имало многу средношколци кои ги напуштиле часовите за да се приклучат на протестот.
Некои од нив одбивале да го откријат својот идентитет или да зборуваат со медиумите. Некои од нив објасниле дека нивните семејства не знаат дека протестираат, други дека ги бојкотирале наставата и часовите, а трети изразија загриженост дека би можеле да бидат приведени од полицијата.
„На 15 октомври се навршија 138 дена од почетокот на протестите на 31 мај, кои со месеци бараат оставка од премиерот Еди Рама и отстранување на старата политичка елита. Протестот најавен за 13 октомври како национален студентски собир, пред Министерството за образование, му даде нова димензија на ова движење. Незадоволството од условите на универзитетите, трошоците за образование, ограничените економски можности, отсуството на меритократија и неизвесната иднина на младите се спои со пошироките политички барања“, пренесува „Фактоје“.
