Фото: Taylor Wilcox on Unsplash

Во функција на давање придонес во надминување на проблемот со недостиг на отворени образовни ресурси на јазиците на помалите етнички заедници во земјава, Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Отворени образовни ресурси“ сите материјали кои ги користи во рамки на вебинарите одржани на македонски јазик, ги преведе на српски, турски и босански јазик. 

Како отворени образовни ресурси, истите материјали на овие три јазици се достапни за сите заинтересирани на www.oer.mk/resources/. 

„Се надеваме дека нашиот скромен придонес кон збогатување на фондот на образовни ресурси на овие јазици ќе ве инспирира вас, директните учесници во образовниот процес, да создавате и ваши отворени образовни ресурси, на сите јазици на наставата“, изјави Гоце Арсовски, координатор на проектот „Отворени образовни ресурси“. 

Недостигот на отворените образовни ресурси за јазиците на помалите етнички заедници во нашата земја е многупати обработувана тема на средби, обуки, вебинари  во рамките на проектот „Отворени образовни ресурси“, но и меѓу пошироката јавност.