Математичкиот гениј Или Морина доби целосна стипендија за своето образование да го продолжи во интернационално училиште

Фото: Maarif International Schools

Или Морина, 13 годишниот математички гениј од скопската населба Шуто Оризари, кој скоро секој момент го поминува решавајќи задачи по математика и физика и подучува студенти од земајва и од странство, а чија сторија ја објави Мета.мк во 36-тата епизода на „Шорткат“, доби целосна стипендија за да може своето образование да го продолжи во интернационално училиште.

„Maarif International Schools обезбедува можности за стипендија за талентирани ученици. 13 годишниот гениј по математика, Или Морина, доби 100% стипендија од страна на нашето училиште. Или учебната 2022/2023 година ќе ја помине на скопскиот кампус. Му посакуваме многу успех и високи достигнувања во следните подвизи“, соопштија од училиштето.

Или на почетокот на овој месец имаше средба со претставникот на Фондацијата Маариф, Мехмет Баран на која ја раскажа својата приказна околу неговиот успех во математиката и изрази желба своето образование да го продолжи во Турција.

Претседателот Пендаровски го запозна математичкиот гениј Или Морина

По сторијата на Мета.мк, Или се сретна и со претседателот Стево Пендаровски, а и со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тие разговараа за потребата од поддршката за младите таленти и потребата од реформи во образованието кои ќе овозможат напредок на талентираните ученици. Или раскажа како во недостаток на соодветно адаптирана настава и книги според неговите потреби и талент, знаењето морал да го надополнува на интернет следејќи професори од странство, а потоа наученото почнал да го споделува и на својот Јутјуб канал.

Или Морина – 13 годишен математички гениј од Скопје што подучува студенти

1 КОМЕНТАР

Comments are closed.