Најмалку милион луѓе се без струја низ Украина по руски ракетен напад во текот на ноќта врз енергетската инфраструктура во земјата.
Tри региони на запад се погодени од прекините на електричната енергија.
Максим Козицки, гувернер на западниот регион на Украина, пријавил напади во енергетската инфраструктура таму и рече дека повеќе од половина милион луѓе во регионот се без струја. Во текот на ноќта биле забележани и проектили кои се упатиле кон Харков, Одеса и осум други региони, пишува Гардијан.
Отпадоци од проектили биле пријавени на две локации во Киев, но локалните власти тврдат дека противвоздушната одбрана ги пресретнала сите проектили истрелани кон главниот град. Градоначалникот Виталиј Кличко пријавил материјална штета, но според него, нема жртви.
Според, министерот за енергетика, Герман Галушченко, итно биле воведени прекини на струја.
Руското Министерство за одбрана тврди дека уништило 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта во четири региони.