Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Мицкоски за маржата на трговија на мало и големо посочи дека и едната и другата ќе бидат огрничени на 10 проценти и очекува да на „драматично“ намалување на цените на производите коишто најчесто се користат

-

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави:
„Па очекувам. Во текот на вчерашниот ден имавме седница на Владата на којашто од страна на министерот за економија и труд добивме исцрпен брифинг, но истовремено би рекол и дебрифинг од страна на извештајот којшто го има доставено Државниот пазарен инспекторат. Договоривме да во најскоро време се излезе со предлог.“
Мицкоски за маржата на трговија на мало и големо посочи дека и едната и другата ќе бидат огрничени на 10 проценти и очекува да на „драматично“ намалување на цените на производите коишто најчесто се користат.
Премиерот за маркетите изјави дека сите си водат своја политика на ажурирање на цените на нивните сајтови и доколку се сака да се видат кои се цените на производите тоа не би можело да се стори.
„Е сега дали тоа ќе има некаков ефект, тоа е пракса во некои од земјите во светот, ако во еден ланец маркети, еден производ чини Х цена, а во друг чини Х цена, тогаш како консумент јас ќе се под замислам од каде да го купам тој производ, но и тоа ќе создаде своевидна на конкуренција на едните со другите.“ посочи Мицкоски
Премиерот бара од миниситерот за економија и труд да свика работна средба и координација со сите институции како што е Комисијата за заштита на конкурентноста, Државниот пазарен инспекторат, за да се прошири акцијата, и да се види кај сите трговци како сетоа тоа функционира.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...